Maserati ја најави хибридната верзија на Ghibli

ОБЈАВЕНО НА:

Уште минатата година Maserati ги претстави своите планови за наредните неколку години. Според стратешкиот план предвидено е и хибридна верзија од моделот Ghibli.

Токму преку видео италијанскиот производител ја најави оваа верзија која премиерно треба да биде претставена ова лето, а во продажба да се најде до крајот на оваа година, не подоцна од првиот квартал следната година.

Техничките карактеристики на оваа верзија не се познати, но покрај со изменетиот погон оваа верзија ќе дојде и со благи екстериерни и ентериерни измени.

Со оваа хибридна верзија Maserati ја освежува и така застарената понуда на Ghibli. Актуелната верзија на овој модел со кодно име М157 е воведена во 2013 година и оттогаш во понудата е само една верзија со по еден бензински и дизелски 3,0 литарски мотор.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK