Маса се враќа од пензија и пак ќе вози за Williams

ОБЈАВЕНО НА:

Бразилецот Фелипе Маса пред еден месец објави дека се повлекува од професионалното возење во Формула 1, но на барање на тимот на Williams повторно ќе се активира. Понудата од 5 милиони фунти, но и трансферот на Валтери Ботас во Mercedes го натераа и Маса да ја смени одлуката. Според SkySports Italy објавувањето на одлуката на Masa и таа на Ботас сепак ќе биде на почетокот на следната година.

Одложувањето е поради одлуката на Mercedes да не го открие името на замената на Нико Розберг до јануари, а Валтери Ботас е најсериозен кандидат за ополнување на тоа место.

Откако ќе биде потврдено дека Ботас е новиот клупски колега на Луис Хамилтон, веднаш ќе следи и потврдата за враќањето на Маса. Ако се врати во Williams тогаш Маса ќе има клупски колега од Канада, бидејќи таму ќе вози Ланс Строл.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK