„Martti“ е автопилот за возење по снежни патишта

ОБЈАВЕНО НА:

Научно-истражувачкиот центар во Финска разработи автопилот, кој ќе може да го управува автомобилот на пат кој е покриен со снег и на кој не се гледаат добро линиите за маркирање. Досега работата оди одлично, а тестирањата дале одлични резултати. Се тестира прототипот со име Martti, кој се наоѓа во базата на кросоверите Volkswagen Touareg.

При лоши временски услови во зима кога не може да се вози нормално на патот, автопилотот успеал одлично да ја помине зададената маршута при брзина од 40 км/ч. Инженерите велат дека колата може да се движи автоматски и побрзо, но намерно самите имаат поставено ограничување.

Планот е во следниот период да бидат усовршени радарите на системот со автопилот и да бидат поставени системи за комуникација со објектите од патната инфраструктура.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK