Мартин Делев победи на првата трка на TWINGO CUP

ОБЈАВЕНО НА:

На патеката во Кичево под организација на клубот Custom Car Racing Team  поддржан од Федерацијата на Македонија се претставија 9 модели на Twingo, а фановите и присутните гости беа сведоци на многу интересна трка.

Македонскиот автомобилист Мартин Делев беше најбрз со време од  1:19.806 , на второто место се пласира  Томислав Трајковски со 1:19.526 , додека пак Давид Малинковски со 1:19.401 е на третата позиција.

‘’Искрено ми е мило што публиката низ целата стаза беше презадоволна од сите возачи од Twingo Cup-от. Со Томас и Давид имавме интересна борба за прво место, јас максимално ја искористив приликата за да ги поминам двајцата и со добро темпо до крајот на трката завршив на првата позиција и сум презадоволен и од возилото Twingo и од самиот себе. Голема благодарност  до мојот тим како и  до  организацијата  Renault Sport која се погрижи да се помине во најдобар ред и на едно високо ниво.’’ изјави победникот Марин Делев .

Следната трка е најавена  за  01 – 02.06.2019 во Кичево согласно официјалниот распоред на Автомобилистичката федерација.

Во натпреварувачкиот куп моделите Renault Twingo  се унифицирани и специјално модифицирани од страна на  Lema Racing Team со цел да ги има сите безбедносни и брзински карактеристики.

Спецификација на возилото:

  • Основно возило за преработка на купот е типот: Renault Twingo 3 AHB 005;
  • Моторот поради преправките на издувната грана добива излезни 78hp;
  • Моделот Twingo амортизацијата ја добива од Eibach со посебно штелување на геометријата на тркалата;
  • За безбедноста е избран реномираниот бренд Sparco roll cage, седиште наменето за тркање, сигурносни ремени, специјален систем за гасење на пожар, волан, педали, и заштитна мрежа од истиот производител;
  • Пневматиците се во полуслик изведба од производителот Nankang со Sparco алуминиумски фелни;
  • Инструмент таблата е од производителот AIM на која е поставен GPS систем,бележи времиња, моментална брзина и вртежи;
  • Возилото изобилува со останати аеродинамични посебни делови од

За овој куп планирани се  8 трки (4 кружни и 4 ридскобрдски) во текот на наредните три години согласно официјалниот распоред на Автомобилистичката федерација .

На крајот од секоја сезона првите три места се одвоени парични награди додека пак на крајот од третата сезона како главна награда на купот е 100% електричното возило Renault TWIZY.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK