Маркионе најави: Alfa Romeo ќе добие уште 2 нови кросовери

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Giulia Sport Wagon можеби исчезна од продукциските планови на Alfa Romeo, но главниот извршен директор на Fiat Chrysler, Серџо Маркионе најави дека по промоцијата на првиот СУВ/кросовер – Stelvio, ќе пристигнат уште два нови кросовери.

„Уште две возила Alfa Romeo ќе бидат додадени, позиционирани еден под и еден над моделот Stelvio, изјавил Маркионе за весникот Кориере дела Сера.

Stelvio беше промовиран во ноември лани, на саемот во Лос Анџелес, и во моментов се нуди во Европа, а во вториот квартал од годината ќе го има и во понудата на американскиот пазар.

Слично како и сите модели на Alfa Romeo, и новите кросовери ќе се произведуваат во Италија. Маркионе изјави дека едниот кросовер ќе се појави на крајот од 2018 и почетокот на 2019 година.

Stelvio е направен на иста платформа како и Giulia, и се произведува во Касино, Италија.
Беше најавено дека на саемот во Женева ќе биде промовиран и Giulia Sport Wagon, но набрзо планот беше откажан со образложение дека е премногу блиску со појавата на Stelvio.

* на фотографијата е моделот Stelvio

Следете не и на:

24AUTO NETWORK