Мануелните менувачи пред изумирање во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Просечниот млад возач во САД веројатно никогаш нема да се сретне со автомобил опремен со мануелен менувач. Од друга страна постои тезадека новопечениот возач ќе може да ја совлада вештината за управување со автомобилот дури откако ќе научи да го користи мануелниот менувач. Покрај тоа, вистинските вљубеници во автомобили секогап ќе дадат предност над таквите возила над оние што се автоматик.

Сепак, во САД поголемиот дел на возачите се определуваат за автомобили опремени со автоматски менувач поради едноставноста при користењето на таквите возила, а овој став е во корелација со понудата на нови модели во таат земја.

Од CNBC наведуваат дека само 41 нов модел од 327 на пазарот во САД можат да се набавaт во верзија со мануелен менувач, што прави само 12% од вкупнта понуда на автомобили. Желбата за поедноставно користење на автомобили, кога станува збор за пренос на системот на возила, датира уште од пред Втората светска војна. На почетокот таквите возила можеа да си ги дозволат само ретки возачи.

Од тој период до денес, популарноста на мануелниот менувач во САД е во постојан пад. Тоа е особено воочливо во поново време. Така во 2006 година, 47% од новите модели на американскиот пазар можеа д се купат со мануелен енувач, а една деценија подоцна односно во 2016 година тој процент падна на 27 отсто.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK