Мануелниот менувач заминува во историјата – автоматскиот станува стандарден

ОБЈАВЕНО НА:

Последните истражувања спроведени од страна на Edmunds на американскиот пазар ја прикажуваат состојбата со мануелните и автоматските менувачи. Повикувајќи се на официјалните податоци од истражувањето, 41 од 327 нови автомобили понудени на американскиот пазар се со мануелен менувач. Изразено во проценти тоа е нешто над 12%.

Според истото истражување спроведено во 2011 година, ова претставува голем пад на мануелните менувачи. Во оваа година вкупно 37% од понудените автомобили биле со мануелен менувач.

При тоа сите автомобили чија продажна цена е над 20 илјади американски долари се опремени со автоматски менувач. Најголем дел од автомобилите опремени со мануелен менувач се продаваат по цена пониска од 15 илјади американски доалри, а речиси сите автомобили кои се со цена од 15 до 20 илјади долари се со автоматски менувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK