Мамеле: Fiat-Chrysler ќе плати 40 милиони долари казна во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанско-американската компанија „Fiat-Chrysler“ е фатена „на дело“, а веќе се согласи да плати казна од 40 милиони долари во порамнувањето со регулаторите во САД за хартии од вредност.

Тие открија дека цели пет години ги мамеле инвеститорите прикажувајќи им поголем број на продадени возила од она што навистина било. Произведувачот на автомобили тоа го нема признаено, но го нема ниту негирано како што наведуваат агенциите.

„Овој случај нагласува потребата компаниите вистинито да ги изнесуваат клучните показатели на својата работа“, вели Антонија Хион која е помошничка на директорот на Комисијата за хартии од вредност.

„Fiat-Chrysler“ рекол дека ја усовршил својата постапка за известување за продажба и оценил дека казната нема да има големо влијание на неговите финансиски извештаи. Агенцијаа, пак, сооштила дека тој производител на автомобили се фалел со низа на зголемување на продажбата во текот на 2016 година иако зголемување практично немало уште од септември во 2013 година.

Кога компанијата објавила податоци за продажбата во текот на 2016 година, соопштила дека наводно има и „резерва“ на продадени автомобили кои им биле испорачани на големите купувачи, како компаниите за изнајмување на автомобили, но не се евидентирани како продажба.

Компанијата така ги евидентирала за да може по потреба бројките да ги претставува подобри отколку што биле или да ги прикрие своите неуспеси од продажбата. За разлика оттогаш „Fiat-Chrysler“ вели дека сега ја бележи продажбата штом возилата им се испорачаат на купувачите.

„Fiat-Chrysler“ е и под сојузна истрага поради нелегално плаќање на официјалните лица на синфикатот по пат на центарот за обука и под кривична истрага поради обвинувањата дека неговите камиони на дизел погон се програмирани да мамат на тестовите за издувни гасови.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK