четврток, 26 февруари, 2026 година

Мало, а техничарче: Најбрзиот картинг забрзува за 1,5 секунда и чини 60.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Најчесто за картингот велат дека е место каде се почнуваат првите чекори во тркањето и каде се учат сите „финти“. Тоа е мало, лесно и безбедно возило кое за многумина е „детска играчка“. Сепак со некоја доработка истото може да стане моќен и скап „ѕвер“.

Компанијата Daymak C5 Blast Ultimate го направи најбрзиот картинг на светот. Чини околу 60.000 долари, има 2400 ватна литиумска батерија која го засилува картингот со 48 волтен мотор без четкици. Но, картингот исто така е опремен и со 12 мотори на електрични канални фенови (EDF) кои исто така се напојуваат со батерија од 5000 мAH.

- Advertisement -

Вака опремен, овој картинг забрзува како ракета, од 0 до 60 км/ч. за 1,5 секунди. Кога работите ќе станат малку пострашни, и возачот сака да „се врати во нормала“ на располагање има хидраулични задни диск сопирачки за застанување.

Оние што сметаат дека оваа верзија е многу екстремна, може да ја имаат онаа „поспората“ без EDF моторите, и таа верзија забрзува до 60 км/ч. за 3,9 секунди.

Двата картинга засега сѐ уште се прототипови, и нема информација кога ќе може да бидат подготвени за производство

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја