Мали тајни: Подобро моторно масло за повеќе коњски сили

ОБЈАВЕНО НА:

Моторното масло во картерот на моторот е нешто што се зема здраво за готово, а често и се заборава и дека постои. Притоа, оние што забораваат прават голема грешка. Моторното масло има толку улога, што неговото адекватно одбирање, состојба и старост имаат директно влијание на векот на моторот, потрошувачката на гориво, силата, но и на трошоците на возењето. Ниту еден подвижен метален дел од моторот не е во директен контакт со неговите агрегати. Секогаш меѓу нив има тенок слок масло.

Доколку не е така, би дошло до загревање и до многу брзо зарибување. При работата на моторот, маслото на себе презема бројни улоги како спречување на трошење, го намалува триењето, го лади моторот, презема на себе честички од нечистотијата кои се јавуваат како продукт на согорувањето, но и метални струготини кои се неминовен дел од работата на секој мотор. При замена, го чисти моторот и со себе ја носи сета нечистотија.

Неадекватно, неквалитетно или старо и валкано масло не може адекватно да ги изврши овие задачи. Оние кои сакале да го дознаат ова, можеле да го направат тоа, а оние кои досега не знаеле, можеби ќе се потсетат дека треба да го заменат маслото.

Колку е важно моторното масло докажа и еден угледен производител, на многу добар и сликовит пример. Тој докажа дека маслото директно влијае и на силата на моторот. На динамометарот се најде V12 мотор од Ferarri 250GT кој при работа со фабрички препорачано масло и масло од нова генерација покажа разлика од дури 7%.

Во бројки, со стандардното масло препорачано за таа генерација мотор имаше 285 коњски сили, а со современото масло од новата генерација 305 коњски сили. Максималниот вртежен момент порасна од 275 на 295 Nm. Добивањето од 20 коњски сили и 20 Nm само со избор на друго масло не е за заневарување и тоа е одлична потврда на влијанието на маслото на перформансите на моторот.

Според тоа, адекватно моторно масло според спецификации на производителот и проверен квалитетен произведуваш освен подолг век на моторот и помала потрошувачка донесува и повеќе моќ.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK