Мал клуб со големо срце: „Extrеme Power City“ ги израдува децата од домот „11 Октомври“

ОБЈАВЕНО НА:

Некогаш малите работи многу значат, а токму оние што изгледаат „мали“ всушност имаат најголемо срце. Тоа сигурно е авто клубот „Extrеme Power City“ чии членови денеска го посетија домот за деца без родители „11 Октомври“, се дружеа со децата, донираа најразлични предмети и притоа им овозможија и кусо возење со нивните возила.

Тимот на „Extrеme Power City“ организираше повеќе различни игри во кои учествуваа сите дечиња, а сите добија златни медали и благодарници за учеството. Најважно е кога ќе се видат насмеаните лица на дечињата, кои можеа да се израдуваат и на краткото возење по улиците на Скопје со повеќето возила на клубот и нивните членови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK