Макпетрол усреќи нови корисници на ВЕРНА програмата

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќе од 400 награди досега се доделени во наградната игра на Макпетрол по повод 70 години од постоењето ка компанијата, а сега беа доделени наградите од второто полуфинално коло. Доделени беа чамец со мотор Honda, скутер Honda и лап топ компјутери Dell.

Од компанијата информираа дека програмата за лојалност ВЕРНА веќе има над 115.000 корисници, и откако е почната наградната игра веќе се направени над 500.000 трансакции. Наградната игра почна на 1 март годинава и ќе трае до 15 декември.

Дарко Стојанов и Благој Танчев беа среќните добитници на лаптопи DEll, додека Ѓорѓи Ивановски си замина дома со скутер Honda. Најсреќениот ова коло е Мевлудин Ќулафовски, кој ова топло лето ќе вози чамецот со мотор Honda.

Во моментов, а и години наназад ова е најголемата и највредна наградна игра огранизирана во Македонија со вкупна вредност од над 100.000 евра.

„Овие бројки за нас како компанија се најголемо признание за напорната работа и континуираното ангажирање во насока на достигнување што поголем број задоволни корисници. Тоа претставува уште еден силен доказ за взаемната доверба која е основен постулат во работењето на нашата компанија, изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг во Макпетрол.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK