Макпетрол реагира: Цената на горивата требаше да биде уште пониска!

ОБЈАВЕНО НА:

Откако Регулаторната комисија за енергетика ја донесе највисоката цена на горивата по која истите може да се продаваат неделава со реакција се јави Макпетрол АД. Според нив, цената на горивата што е определена од РКЕ можеле да бидат за уште најмалку 0,5 денари поевтини од она што се сега.

Инаку, од ноќеска на полноќ, бензините „Супер 95“ и „Супер 100“, поевтинуваат за еден денар и ќе се продаваат по цена од 71,00, односно 73,00 денари, додека дизел горивото ќе се продава поевтино за два денара и ќе чини 64,00 денари за литар.

Во реакцијата на Макпетрол се вели:
„Согласно нашите пресметки, за наредната недела очекувавме цени пониски за 0,5 денари по литар кај сите деривати, од објавените во Одлуката од страна на Регулаторната комисија на Република Северна Македонија,. Веднаш ја уочивме разликата, која не произлегува од движењето на цените на нафтените деривати на светските берзи во изминатиов период, туку во основа разликите произлегуваат од механизмот на заокружување со малопродажните цени на нафтените деривати, во новата одлука и правилникот на РКЕ, пишува во реакцијата на компанијата.

„Да појасниме, во услови кога слободно беа формирани цените, ова заокружување како во позитивна така и во негативна насока се случуваше кај трговската маржа. Но во случај кога повторно РКЕ ја формира и одредува цената на нафтените деривати заокружувањето повторно се пресметува, додава кај акцизата но само во позитивен правец.

Се поставува прашањето кој стравуваше од механизмот на слободно формирање на цени? Кој и зошто ја наметнуваше тезата во јавноста дека цените во услови на слободно формирање ќе дивеат? Нам како трговци, одговорот ни е јасен. Во овој случај ,очигледно РКЕ по налог или во соработка со Министерството за финансии, не сака да се откаже од дополнителни зафаќања кај акцизата, за сметка и во корист на потрошувачите и компаниите во земјава, се вели во соопштението на Макпетрол.

Цената што деенска ја соопшти РКЕ ќе важи во лседните седум денови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK