вторник, 25 декември, 2025 година

Макпетрол продолжува да се шири: Отворена 126. бензинска станица

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Македонската компанија за дистрибиција и продажба на нафтени деривати Макпетрол АД продолжува да се шири, и ја отвори 126. бензинска станица во Македонија. Новата станица на која покрај бензински и дизелски горива ќе има и плин, се наоѓа на автопатот Скопје – Tетовo во близина на општината Желино.

Од компанијата најавуваат дека и во иднина ќе продолжат инвестициите со што ќе се задржи приматот на најголема компанија за дистробуција и промет со нафтени деривати. Со зголемувањето на продажната мрежа се овозможува и поголема достапност до сите потрошувачи од овој регион на Македонија.

- Advertisement -

„Макпетрол ја заокружи минатата година со одлични финансиски резултати и со исто темпо продолжува и во оваа година. Продолжуваме со изградба на нови, како и осовременување и модернизирање на постојните бензински станици и складови низ републиката. Зацртаниот инвестициски циклус не завршува со оваа бензинска станица – наскоро не очекува отворање на новата бензинска станица во Вевчани. Во оваа бензинска станица се инвестирани околу 170 милиони денари, а истата ќе обезбеди 10 нови вработувања. При тоа, бензинската станица ги исполнува сите безбедносно – технички нормативи и во потполност ги исполнува современите функционални и естетски стандарди“. – изјави Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја