понеделник, 25 декември, 2025 година

Макпетрол додели автомобил Honda Jazz од наградната игра „Верна повторно наградува“

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Никола Каровски од Кавадарци е добитник на автомобилот Honda Jazz од наградната игра „Верна повторно наградува“ што ја организира Макпетрол. Ова беше шесто редовно коло, односно трето мастер коло на наградната игра. Во ова коло беше доделен и лап топ што го доби Мирче Велковски.

Освен овие вредни награди, во шестото редовно коло беа доделени: викенд за двајца во хотелот Макпетрол во Струга, ваучери за гуми, Лубекс – моторни масла, Кристал Кар – средства за стакла, како и ВЕРНА поени

- Advertisement -

Во извлекувањето на шестото редовно коло учествуваа речиси 120.000 квалификувани трансакции, додека во извлекувањето на третото мастер коло учествуваа речиси 250.000 квалификувани трансакции. Ова е трета година по ред како Макпетрол ја организира оваа наградна игра која во моментов е со најголем буџет од сите наградни игри што се организираат во Македонија.

Сите корисници на ВЕРНА картичките за лојалност се потенцијални учесници во наградната игра. Во неа учествуваат сите трансакции на потрошувачите кои при секое поединечно плаќање имаат впишано најмалку 10 или повеќе поени на својата ВЕРНА картичка.

Следното извлекување е на 5 ноември кога следи 7-то редовно коло, додека на 10 декември следува извлекувањето на 8-то редовно, 4-тото мастер и воедно финалното мастер коло во кои ќе доделиме многу вредни награди, а најсреќниот ќе замине со најдобриот во својата класа, автомобилот Honda Civic.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја