Македонска премиера на Opel Grandland

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот Opel Grandland сега е достапен и на македонскиот пазар, каде за почеток може да нарача Hybrid со 136КС, Edition ниво на опременост за 32.990 евра.

Чистиот дизајн на Grandland преовладува по цела должина на возилото, без кровни шини за постигнување на одличен коефициент на аеродинамика од Cx28, ослободен од хром во форма на украсни лајсни или капачиња, со втиснато име на вратата од багажникот.

“Grand” ефектот се постигнува со зголемените пропорции на возилото со +17 cm поголема должина и +11 cm поголемо меѓуосовинско растојание од предходникот кои обезбедуваат поголем простор на задната клупа и 550 литри багажен простор.

СМЕЛ И ЧИСТ ДИЗАЈН
Кај Intellilux-LED Pixel технологијата e зголемeн бројот од 86 на 50k светлосни интелигентни пиксели за достигнување на уште повисока дефиниција и модуларната дистрибуција на светлина при патувања во услови на намалена видливост. [Истите се стандард за ниво на опременост GS]

Нема потреба да ја намалувате светлината, светлата не ги заслепуваат другите учесници во сообраќајот и добивате повеќе време да реагирате при опасни ситуации. Не е изненадување дека pixel matrix HD светлата се најдобри во сегментот.

ЧИСТО КОКПИТ ИСКУСТВО
Во внатрешноста повторно доминира Detox филозофијата подредувајќи му се на принципот “Раце на управувачот, погледот на пат”. Доминира широк 16” екран на допир базиран на Snapdragon платформата за врвно визуелно искуство надополнет со 10” екран за возач.

Содржината на обата дисплеја може да се редуцира во “Pure Mode” режимот на основните податоци потребни за безбедно патување без непотребна дистракција на возачот. Секако при рака се физичките команди за брзо пристапување кон основните функции како климатизација. Перфекниот фокус на патот го заокружува интегрираниот Head-up дисплеј во предното ветробранско стакло со 3-D чувство.

AGR ергономските седишта стануваат стандард со последната иновација специјално профилиран канал на седечката површина која го намалува притисокот на телото при долготрајните патувања. Врвот во удобноста и намален стрес при возењето го обезбедуваат AGR адаптивни седишта со електро-пневматски потпори, 5 режими на масажа и вентилација на седишта.

ГЕРМАНСКО ТЕЖНЕЕЊЕ КОН ИЗВОНРЕДНОСТ
Новиот Grandland е првиот модел базиран на STLA-M платформата, првично развиена за BEV возила, во електрична верзија на моделот доаѓа со стандард тракциона батерија од 74 kWh и 82 kWh со досег до 580 km или long range батеријата од 98 kWh за досег до 680 km кој ни доаѓа во третиот квартал на годината. Кај електричните верзии рекуперацијата на батеријата може да се избира во три режими преку палките на управувачот. Врв на германското инженерство е Opel Grandland во GSe опременост со спортско потпирање и калибрирано управување и AWD погон на сите тркала.

Мулти-енергетската STLA- M платформа е искористена и за втората генерација на 1.6 plug-in верзија со 195ks со домет до 86 km во чист електричен режим – и за нашиот пазар најинтересна 48V хибридна верзија од 136ks, двете впарени со автоматска трансмисија со двојна спојка.
Стабилноста при возење на автопат, навалување на каросеријата и подобрена филтрација на нерамни патишта при мали брзини ја обезбедува FSD амортизацијата, кои се стандард кај BEV и Plug-in верзиите.

ГРИНОВАЦИЈА
Понудата на опременост ја сочинуваат нивото Edition (eлеганција, комфор) или GS (динамичност/спорт) а се заокружува со по два опционални пакета Комфорт и Теch. Амбицијата за премиум квалитет во внатрешноста се огледува во обложената централна табла и облоги на вратите со модерна ткаенина и амбиенталното edge light осветлување. Употребената ткаенина е 100% од рециклирани материјали, а батериите можат да се поправат, преправат и ре-употребат и рециклираат со што се намалува јаглеродниот отисок на природата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK