Македонија: Пад на увозот на нови автомобили во ноември

ОБЈАВЕНО НА:

Пад на увозот на нови и половни патнички автомобили е забележан во ноември годинава, покажуваат официјалните податоци објавени од страна на Царинската управа на Република Македонија.

Минатиот месец во Македонија увезени се само 392 нови патнички автомобили што е втор најлош месец годинава, по април кога беа увезени 205 нови автомобили.

Во однос на употребуваните патнички автомобили, увезени се вкупно 2.531 автомобил што е трет најдобар месец по септември и октомври кога беа увезени 2.659 односно 2.833 половни автомобили.

Од почетокот на годината до крајот на минатиот месец увезени се вкупно 28.199 нови и употребувани патнички автомобили, камиони и автобуси. Истот овој период е најслаб во последната деценија, а само за споредба, во истиот тој период, минатата година беа увезени 42.493 возила.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK