Македонија ќе стане автомобилско „елдорадо“

ОБЈАВЕНО НА:

Македонија преговара со 15 производители на автоделови за инвестиции во Македонија, објавиле македонски претставници за специјализираниот магазин „Automotive News Europe“, кој објавува напис за македонската автоиндустрија која според авторот прераснува во еден од центрите на оваа индустријата.

Според магазинот шансите Македонија да биде уште поважна земја за оваа индустрија се зголемуваат со изградбата на новите два автопати преку кои полесно ќе се дистрибуираат производите.

Во земјата сега работат компаниите, Delphi, Adient, Lear, Johnson Matthey, Kostal, Kemet и Key Safety Systems а вкупната вредност на извозот од оваа индустрија која вработува околу 20 илјади луѓе е половина од вкупниот македонски извоз вреден над 4,3 милијарди евра.

Според „Automotive News Europe“ просечната плата во овие компании е околу 400 евра месечно и тие се една од директните причини за намалување на невработеноста во земјата.

Главните причини за влезот на овој вид компании во Македонија според порталот се ниските даноци, лесните процедури за инвестиции, близината на ЕУ, квалификувана работна сила , лесното добивање на соодветни дозволи за изградба на објекти и добивање на други видови помош од државата.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK