Магазинот Car and Driver го советуваше Fiat

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најчитаните авто магазини во САД, Car and Drive упати несекојдневен совет до Fiat, “Повлечете го 500L”.

Уредниците на магазинот сметаат дека овој модел нема иднина во САД и дека годинашнава продажба покажува дека Fiat со овој модел нема сериозен пазарен удел. Fiat 500L во целата 2008 година има продадено само 1.413 примероци од овој модел во САД, а годинава продажбата е уште помала.

Магазинот даде и совет околу моделот 124. Оттаму сметаат дека Fiat треба да работи на модернизација и производство на современа 124-ка со што треба да настојува да ја врати популарноста од минатиот век. Во низата совети има и таков дека Fiat треба да лансира нов SUV по примерот на оној од Втората Светска војна.

Дали Fiat ќе прифати некои од овие совети останува да видиме.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK