Најчестите грешки кои ги прават возачите за време на годишниот одмор

ОБЈАВЕНО НА:

Иако летниот годишен одмор има за цел да не опушти и да ни ги наполни батериите, сепак тој може да биде многу стресен. Тоа е така како поради нашата неорганизираност и брзање така и поради невниманието кое може да биде клучно за појава на една од најчестите грешки.

Врз основа на статистиките и истражувањата во продолжение се прикажани токму најчестите такви грешки кои ги прават возачите за време на летниот годишен одмор.

1. Точење на грешно гориво. Оваа грешка може многу лесно да се случи особено доколку патуваме во странство па со вработениот на бензинската станица и не се разбереме баш најдобро. Затоа е потребно многу да внимаваме при точењето на гориво пред се поради фактот што доколку наточиме погрешно гориво може да предизвикаме непоправливи штети за нашиот автомобил.

2. Возење на резервна гума. За жал често се случува за време на патувањето да останеме без една од четирите стандардни гуми. Дотраеноста, нерамниот коловоз, дупките, срчите или други предмети може да бидат причина за оштетување на нашата гума поради што мораме да ја смениме. Користењето на резервната гума, во зависност од димензиите подразбира возење со истата не повеќе од 30-тина километри при мала брзина. Затоа е потребно наместо кон крајната дестинација, доколку се соочиме со ваква незгода да се упатиме веднаш кон најбликсиот вулканизер.

3. Пливање со клучевите од автомобилот. Ова невнимание може да допринесе за оштетување на електрониката во самиот клуч. Затоа е многу важно да никогаш не влегуваме со клуч во вода, но при тоа да го оставиме на безбедно место се со цел да не го загубиме или да не ни биде украден.

4. Претовареност. Претовареноста на возилото може да биде штетна поради неколку причини. Секако, треба да се земе во предвид дека зголемената претовареност влијае директно врз потрошувачката на гориво, но може да оштети најразлични делови од автомобилот.

5. Нагло застанување. Наглото застанување по возење подолго време со голема брзина може штетно да влијае врз моторот. Затоа, пред паузите и крајната дестинација потребно е да се намали брзината на возење и барем 5-6 километри да се вози со брзина од 80 километри на час.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK