Кои се десетте работи што треба да ги имате кога одите на одмор?

Со оглед на тоа што многумина уште се подготвуваат за годишниот одмор во текот на летото, на патишрата во земјата и во странство (се надеваме) ќе има многу автомобили. Патувањето поради тоа може и да се одолжи, а неколку едноставни и корисни работи ова возење можат да го направат многу поудобно, посигурно и без стрес.

Меѓу ситниците кои можат да го олеснат возењето, а кои најчесто се заборават се наоѓаат очилата за сонце, водата односно пијалок и музика. Goodyear подготви попис на десет работи кои е пожелно да се имаат на долг пат со автомобил за возењето да биде поудобно.

1.Очила за сонце: Возењето со очила за сонце е поудобно и побезбедно доколку се возите кон сончевите краеви и затоа е добро секогаш да бидат на дофат на рацете.

2.Музика: Ако патувате во странство, ќе минете барем една или две државни граници. Тоа исто така значи барање на радио станици со одговарачка музика и што помалку зборување што може брзо да стане вистински ноќен кошкар. За да го избегнете тоа однапред подгответе ја омилената музика и уживајте во возењето.

3.Пијалок: Однапред подгответе го одговарачкиот пијалок кој ќе ви биде во близина кога е потребно освежување што допринесува за подобра концентрација во возењето.

4.Паричник со готовина и картици: Нека биде секогаш до вас. Така цело време ќе имате со вас важен дел од имотот, а овен тоа брзо ќе можете да го извлечете кога ќе треба нешто да се плати, на пример патарина.

5.GPS и/или мапа: GPS уредот вклучете го пред да возите за да заштедите дополнително врме за патување и да избегнете евентуално погрешна рута. Ако користите карта, провете ја трасата пред тргнување.

6.Вреќа за ѓубре: Тоа е една од рабоите кои најчесто се забораваат, а многу е корисна при долг пат за собирање на ѓубрето.

7.Комплет за прва помош: Задолжителен е во секој автомобил. Проверете дали е на одговарачкото место во вашиот автомобил во случај да биде потребно да се употреби на автопат.

8.Флуоресцентен елек: Во поголемиот дел од европските земји спаѓа во задолжителна опрема во возилото и ако автомобилот ви се расипе тогаш задолжително морате да го облечете. Водете сметка за тоа да биде на видливо место.

9.Фотоапарат и камера: Сите сме се нашле во ситуација кога сме сакале да се сликаме, а фотоапаратот не ни бил при рака.

10.Резервни клучеви: Држете ги во џебот. Нема да бидете првиот возач кој ги оставил клучевите во автомобил кој автоматски се заклучува. Резервниот клуч во џебот може да го спаси вашето патување.

И убав одмор…