Ma каква криза: Годината почна одлично за Volvo

ОБЈАВЕНО НА:

Ако по утрото се познава денот тогаш ова ќе биде одлична година за Volvo. А утрото, го навести одличната, рекордна продажба на шведскиот производител во јануари.

Така во првиот месец годинава ширум светот, Volvo испорача 59.588 автомобили што во однос на јануари минатата година претставува раст од 30,2%. При тоа,дури 71% од вкупно продадените автомобили се SUV модели.

Најголема заслуга за одличниот продажен перформанс, има продажбата во Кина каде е забележан раст од 91,3% продавајќи 19.160 примероци. Во САД, Volvo продаде 8.151 автомобил што е пораст од 32,4% додека во Европа порастот изнесува 9% или во апсолутна бројка, на “Стариот континент” се испорачани 24.857 примероци.

Најпродаван модел во јануари е XC40 со испорачани 17.770 примероци. Следат XC60 со 17.053 примероци и XC90 со 7.564 примероци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK