На Autosport International саемот во јануари ќе биде познат конечниот изглед на дизајнот на возилото со кое Себастијан Ожије ќе се натпреварува во WRC првенството и ќе ја брани титулата.
Она што паѓа веднаш во очи е дека спонзор останува Red Bull чии бои доминираат, слично како и ланскиот изглед на Volkswagen Polo R.
За првпат по 2005 година, тимот на M-Sport ќе има два различни дизајни за нивните возила следната сезона.
Тимски колега на Ожије ќе биде От Танак, кој пак инспирација во дизајнот нашол во боите на тест возилотo.
Двата возачи ќе дебитираат на WRC првенството на трката во Монте Карло од 19 до 22 јануари.