Од 1 до 31 декември, посетителите на City Mall ќе имаат можност одблиску да го запознаат Lynk & Co 08, еден од најпосакуваните plug-in хибриди на европскиот пазар. Моделот веќе има над 100.000 продадени примероци во Европа и се истакнува како првo возило во Европа со домет од 200 км на електричен погон според WLTP.
Lynk & Co 08 се одликува со комбинирана потрошувачка од само 0,9 л/100 км, можност за DC брзо полнење од 10 до 80% за 33 минути и максимална безбедносна оценка од 5 ѕвезди на Euro NCAP.
Возилото е изложено под рефлекторите во City Mall, со цел љубителите на автомобилите и заинтересираните купувачи да имаат прилика да го доживеат неговиот модерен скандинавски дизајн, напредната технологија и премиум изведбата во живо.
Во празничен дух, Delfino Mobility Group најавува и специјален Giveaway за сите посетители на трговскиот центар. За учество е потребно:
* да се направи фотографија покрај изложениот Lynk & Co 08
* фотографијата да се објави на Facebook или Instagram
Авторите на најатрактивните објави ќе имаат можност да освојат брендирани термоси, маици или капи со Lynk & Co лого.

Паралелно со изложбата, активна е и предновогодишната акциска понуда: Lynk & Co 08 по цена од 51.990 €, достапен за резервација до 31.12.2025 година, со ограничен број на возила.
За сите кои сакаат да го доживеат Lynk & Co 08 зад волан, обезбедено е и тест возење. Lynk & Co 08 во City Mall е идеална можност одблиску да се запознае следната генерација на plug-in хибридна мобилност, во вистинско празнично автомобилско издание.









