Луксуз и удобност на ниво: Volvo ги зема и ги враќа клиентите од дома

ОБЈАВЕНО НА:

Американското одделение на Volvo Cars објави информација која вели дека компанијата има направено нов чекор кон лансирање на новата функција Pick up and Delivery на системот Volvo On Call, откако вработените во компанијата успешно земале и вратиле автомобили на клиенти за планирано сервисно опслужување. Притоа сопственикот на возилото не бил ангажиран во операцијата.

Новиот експеримент, спроведен во Пало Алто, демонстрира основна предност на програмата на Volvo, која има за цел да добие на време кај клиентите после закажани земања и враќања на автомобилот за сервисно опслужување, доставување на продукти, дополнување со гориво и дури и чистење на превозното средство. Целата комуникација и дејство од страна на сопствениците на автомобилите се врши со посредство апликација за мобилен телфон.

Од Volvo Cars коментираат дека корисниците се воодушевени од Pick up and Delivery и имале позитивни коментари, а не само што се споменува за добиената удобност, туку и за заштеденото време.

Дополнително олеснување, клиентите можат да добијат и опремен автомобил, доколку изразат желба, додека нивниот се сервисира. Кога сервисирањето на возилото ќе заврши, сопственикот може да ја сподели својата локација во моментот или посакуваната друга таква со предвидено време за средба и претставникот на Volvo оди со возилото на корисникот за смена на автомобилите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK