Новиот модел na Opel е одлични прифатен кај купувачите и компанијата објави дека за Insignia, Insignia Grand Sport и Insignia Sports Tourer веќе има повеќе од 50.000 нарачки со што е надмината очекуваната бројка.
Од Opel предвидоа високата стапка на интерес од купувачите кон високо технолошка опрема на Insignia, како вградениот навигациски и инфо-комуникациски систем Navi 900 IntelliLink, ергономските AGR седишта, IntelliLux LED светла и други.
Над 60 отсто од барањата за новата Insignia се за верзии со високо ниво на опрема која им овозможува на клиентите да се потпираат на значително подобрa стандардна опрема и можност за персонализирање на автомобилот според сопствените желби.
Новата Insignia на Opel во Македонија беше промовирана во средината на јуни.