Кога се купува нов автомобил не може да се објасни моментот кога полни во себе ги кинете фолиите со кои се преслечени седиштата и ги тргате сите пластични делови од внатрешноста, додека го вдишувате мирисот на ново. Култот на новите автомобили е секаде присутен, а некои тоа го поистоветуваат со љубов па и можеби болест.
Во Ирак кога автомобил ќе излезе од салонот на дилерот, сопственикот ретко ги отстранува фабричките заштитни најлони, лепенки и фолии од седиштата, аудиосистемот и декорација во внатрешноста и со години ги користи “нераспаковани”. Така се покажува дека тој купил нов автомобил, а не нешто на старо, половно и веќе премногу користено.
Но, некои ги преминуваат и овие граници, па на будалаштините им нема крај. Еден таксиста во Багдад ги надмина сите со својата опсесија не само со тоа што внатрешното опкружување е непроменето. Тој го отстрани фабричкото пакување, но ги заменил со најлонска фолија, што сега се наоѓа на секој дел од внатрешноста на автомобилот.
И не само седиштата и тапацирот на вратите, фолија има и на горниот дел, односно над главата на патниците. Едноставно, незнаеме дали е тоа од хигиенски причини да се се валкаат седиштата и внатрешноста или нешто друго е во прашање.