Lotus Evija со 2.000 КС и по цена од 2 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Како што и претходно беше најавено, Lotus на специјален настан го промовираше моделот Evija.

Evija по влегувањето во производство ќе прерасне во најмоќниот Lotus автомобил некогаш произведен, а од компанијата наведуваат дека тоа ќе биде и најмоќниот автомобил воопшто. “Evija ќе го воспостави нашиот бренд во срцето и душата на фановите на спортски автомобили” изјави меѓудругото Фил Пофам, првиот човек на Lotus за време на промоцијата на овој автомобил.

Најавуван уште од минатата година, овој модел доаѓа со цел одбележување на 70 годишнината на овој спортски бренд. Иако нема официјално потврдени информации, овој модел ќе располага со два до четири електро мотори кои ќе продуцираат вкупно 1.973 КС. При тоа ќе има погон на сите четири тркала, а благодарение на перформансите на батеријата ќе може да помине 400 км.

Според објавените официјални податоци, максималната брзина која ќе може да ја постигне изнесува 322 км/ч, додека до 100 км/ч забрзува за помалку од три секунди.

Производството започнува кон крајот на годината, а ќе се спроведува исклучиво во Велика Британија. При тоа ќе бидат произведени само 130 примероци додека почетната цена изнесува 2.1 милиони американски долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK