Лоша вест за сеирџиите – нема повеќе снимање сообраќајни незгоди

ОБЈАВЕНО НА:

На туѓите сообраќајни незгоди најмногу профитираа оние кои истите ги снимаат и видеата поставуваат на YouTube наместо да помогнат и спасат живот. При тоа, од гледаноста на видеата односно рекламите неретко добиваа и финансиски надоместок.

Казнувањето на снимачите се практикува во многу земји, но полицијата во Велика Британија оди чекор понапред. Така полицијата од Дербишир на местото на сообраќајните незгоди започна со поставување на специјални камери кои ќе ги снимаат оние сеирџии со мобилен в рака.

По расчистување на теренот ќе се тргаат камерите, а снимките од истите ќе бидат дополнително прегледувани од полицијата со цел да се утврди некој кој неовластено го снима местото на незгодата.

Против оние кои ќе се утврди дека снимале ќе бидат изречени соодветни казни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK