По одложувањео на низа проекти и намалување на дивидендите, коронавирусот го принуди Mercedes на уште еден непопуларен потег – намалување на платите.
Оваа вест ја потврди првиот човек на Daimler во чија сопственост е Mercedes, Ола Калениус. Тој за AutoNews Europe изјави дека компанијата мора да ги преземе овие чекори како би ја надимала успешно кризата.
Mercedes вториот квартал го заврши со загуба исто како и Volkswagen и BMW па оттука и овој непопуларен потег. Калениус не откри колкаво ќе биде намалување на платата и наведе дека дополнително ќе биде објавено.
Инаку во ноември минатата година Daimler најави дека ќе отпушти 10 илјади работници со што би се заштедиле 1,4 милијарди евра до 2022 година.