Јапонците се познати по нивниот перфекционизам и дисциплина. Сепак далеку од тоа дека се безгрешни. Вистински доказ за тоа е фабриката која Mazda и Toyota ја градат заедно во сојузната американска држава Алабама.
Станува збор за катастрофална грешка во инвестиционото планирање. Така наместо планираните 1,6 милијарди американски долари оваа фабрика чини 830 милиони долари повеќе однсоно нешто над 2,3 милијарди долари.
Што се однесува до самата фабрика, со работа стартува следната година, а во неа, 4.000 работници ќе работат на производство на кросоверите од моделите на Mazda и Toyota.
При тоа, годишното производство ќе изнесува 300 илјади возила, капацитет кој подеднакво ќе биде поделен помеѓу двата производители.

Следете не и на:

