Лош период – McLaren отпушта 1.200 работници

ОБЈАВЕНО НА:

Тежок период за работниците во автомобилската индустрија. Кризата од коронавирусот која придонесе за значително намалување на побарувачката си го направи своето.

McLaren соопшти дека во наредниот период ќе мора да отушти 1.200 работници со цел да ја одржи финансиската стабилност. Ова значи дека компанијaта практично ќе отпушти нешто повеќе од 25% од вкупната бројка вработени.

“Сега немаме друг избор туку да ја намалиме бројката на нашата работна сила” изјави извршниот директор Пол Велш за британскиот сервис BBC. Од Формула 1 тимот, британскиот производител ќе отпушти околу 70 лица, а останатите се од администрацијата и производствената дивизија.

Намалување на бројот на работници го најавија речиси сите производители на автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK