Во Instagram натпревар и во конкуренција на 148.2 милиони фотографии од супер спортски автомобили, Лондон го освои првото место со што неформално прерасна во главен град на супер спортски автомобили.
Од наведените фотографии дури 6.1 милион се сликани на улиците во Лондон со што овој град го зазема првото место пред Москва каде што се сликани 5.9 милиони односно Лос Анџелес со 4 милиони слики.
Хародс Стор, Парк Тауер Хотел, улицата Слоан, Лоундес Сквер и хотелот Дорчестер се локациите каде што може да се видат најразновидни супер спортски и луксузни автомобили чија цена достигнува и до неколку милиони американски долари.
Ferrari, Lamborghini, Porsche, Bugatti, Rolls-Royce, Aston Martin, Mercedes-Benz се само дел од многутте брендови кои може да се видат на горенаведените локации.
По Лондон, Москва и Лос Анџелес, следни градови на оваа листа се Њујорк, Дубаи и Монте Карло, а покрај локалните милионери, најзаслужни за овој “декор” на овие градови се и арапските мултимилионери кои имаат честа практика со себе да ги носат и своите супер автомобили.
“Живееме во ера на супер автомобили каде милионерите ги користат своите егзотични автомобили за да ја воодушеват околината” изјави Мет Дејвис од Activity Superstore кои ја направија оваа анализа и рангирање.