Локален бизнисмен ќе го спасува моделот Cruze

ОБЈАВЕНО НА:

Уште кон крајот на минатата година General Motors објави дека ќе прекине со производството на моделот Cruze, а со тоа и ќе ја затвори фабрика во американскиот град Кливленд.

Сепак оваа одлука нималку не му се допаѓа на локалниот бизнисмен Берни Морено, пренесува весникот The Vindicator.

Неговиот план е да го продолжи производството на овој модел со тоа што ќе ги откупи автомобилите кои ќе се произведат и ќе воведе слична услуга како Uber и Lyft. Според весникот, тој со ова ќе овозможи дополнително продолжување на производството за пет години и работа во две смени со што ќе бидат спасени 1,500 работници на кои им се заканува отказ.

Официјални лица од General Motors веќе оствариле средби со Морено, но не откирваат детали околу одржаните состаноци и темата на дискусија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK