Во ек на пандемијата COVID-19, шестмина работници во Skoda во Велика Британија осмислија алтернативен начин за на потенцијалните купувачи да им ги претстави новите модели.
Со оглед на тоа што посетата на сервисите на Skoda е оневозможена, произведувачот од Чешка во Велика Британија ги користи сите погодности од својот Virtual Showroom програма.
Моделите Kamiq, Superb, Octavia и Karoq од неодамна се паркирани на приодите на домовите на шестмината работници, кои на заинтересираните преку live-stream видеоповици им овозможуваат виртуелна „прошетка“ низ автомобилот.
Потенцијалните купувачи за оваа опција се пријавуваат на веб страната на Skoda. Само минатата недела биле упатени стотина видеоповици, а во компанијата се надеваат дека на овој начин ќе успеат да ги задржат заинтересираните да купат автомобил.