Порталот CarWow од Велика Британија со користење на податоци од компанијата WarrantyWise, која нуди услуги за покривање на дефекти после истекот на фабричките гаранции направи интересна листа. На истата се наоѓаат 15 најнедоверливи автомобили во последните десет години.
Се разбира дека листата зависи од многу фактори, од патиштата, начинот на користење, но сите имаат нешто заедничко – често се расипувале. Листата оди од 15 место кон првото.
Tesla Model S
Од сите премиум возила, Tesla Model S требаше да биде автомобил со најмалку дефекти бидејќи има и наједноставна технологија со електричен мотор. На електричните компоненти има и најмногу дефекти, а најскапото поправање е врзано за воздушната суспензија.
BMW M4
Одличен автомобил за возење, но и многу проблеми со кочниците. Најскапите дефекти се врзани за контролната табла.
Mercedes-Benz GL
Постарите генерации (новата го носи називот GLS) за главен проблем ја имаат електрониката.
Ford Galaxy
Проблеми со менувачот.
BMW X5
Постарите генерации патат од проблеми со суспензијата и моторите.
Range Rover
Воздушна суспензија и мотори.
Mazda CX-5
Квалитетен бренд, но претходната генерција имаше и проблеми со моторите.
Audi Q7
Претходната генерација имаше проблеми и со истекување на масло и електроника.
Jaguar XJ
Проблеми со моторот.
Range Rover Sport
Воздушна суспензија и мотори.
Chevrolet Captiva
Големи проблеми со менувачот.
Porsche Cayenne
Електроника и мотори.
BMW X6
Претходните две генерации имаа проблеми со електрониката и моторите.
Audi A7
Претходната генерација имаше доста проблеми со менувачот.
Bentley Continental GT
Претходната генерација се соочи со проблеми со електрониката и со моторот.