Lincoln ќе го претстави моделот Corsair на саемот во Њујорк

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот бренд Lincoln кој функционира во рамките на Ford Motor Company објави дека на саемот во Њујорк кој започнува на 17 април ќе го претстави новиот модел именуван како Corsair. Станува збор за SUV модел со кој Lincoln ќе ја збогати понудата на SUV возила, а доаѓа како преднајава на новите генерации Aviator и Navigator.

За овој модел нема објавено технички податоци. Она што се знае е дека ќе добие електрична изведба кон крајот на следната година, а почетокот на продажбата на основниот модел со бензински мотор се очекува да биде во јуни годинава. Покрај во Северна Америка овој модел ќе се продава и во Кина.

Називот Corsair беше користен од страна на Ford за автомобилот кој се произведуваше во периодот од 1963 до 1970 година во САД и Велика Британија како и за моделот кој Ford Australia го произведуваше во периодот од 1989 до 1992 година. Сепак вистинското потекло на името доаѓа од авионот Corsair кој беше користен во Втората Светска војна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK