Автомобилот Lightyear One е електрично возило со сончеви панели на кровот што ја полнат батеријата. Сепак, дали тоа е „соларно напојување“ зависи од тоа како го управувате. Возилото е направено од компанијата од Холандија, Lightyear, а има и свој приклучок за полнење. Меѓутоа, соларните панели можат да полнат батерии на Lightyear One со брзина од околу 7,5 милји на час. И покрај тоа, ако сте ја паркирале надвор од вашата канцеларија во сончев ден таа може да „изгори“ доволно енергија за движење од 60 милји што е повеќе од километражата на еден човек дневно.
„Преку летото во Холандија најверојатно нема да имате потреба да полните околу два месеци“, вели главниот извршен директор на Lightyear, Лекс Хофслот.
Компанијата е основана во 2016 година од неколку члена на тимот на Техничкиот универзитет во Ајндховен, кој го освои Светскиот соларен предизвик Bridgestone – натпреварување на автомобили на сончева енергија. Ако стигне до производство, Lightyear One ќе биде првиот автомобил на компанијата.
Батериите имаат доволно енергија за возење од 450 милји, велат од компанијата. Сончевите панели работат и кога автомобилот се движи, што значи дека додека возите по патот преку денот, сончевата енергијаќе наполни дел од моќноста, која ја користите. При долго возење, помошта од Сонцето може да биде до 50 милји при целосно наполнета батерија.
Пет квадратни метри сончеви панели на автомобил се многу ефективни при претворање на сончевата светлина во енергија. Тие се покриени со истиот вид на стакло, што се користи во отворот, па панелите се многу силни. Во случај на несреќа тие нема да бидат пробиени од остри парчиња. Голем напредок во автомобилот е поврзан и во неговата целокупна ефикасност. Со својата ниска, наклонета форма и покриени задни тркала, автомобилот е дизајниран да биде исклучително аеродинамичен. Секое тркало се напојува со сопствен електричен мотор. Ставањето на моторите што е можно поблиску до тркалата ја зголемува ефикасноста, бидејќи моторите дејствуваат како генератори за енергијата при запирање. Електричните автомобили со погон на четири тркала се поефикасни од оние со погон на две.
Една од погодностите на користењето на Сонцето за дополнителна моќ ќе биде и лесното паркирање. Додека други возачи на електрични автомобили се борат за да добијат простор близу до местата за електрично полнење, а други бараат место во сенка, возачите на Lightyear One среќно ќе се паркираат на Сонце. Климата на автомобилот може да се вклучи од дистанца пред да почнете да возите така што температурата внатре ќе ви овозможи комоција.
Возењето на сончева енергија, сепак, нема да биде евтино. Засега има само неколку прототипови од возилото за демонстрирање и тестирање. Компанијата сега прима резервации за производство по цена од 119.000 евра. Тоа е едноставно „резервациска такса“. Компанијата очекува возилата да чинат околу 150.000 евра во Холандија вклучувајќи ги и даноците, кога ќе влезе во производство во 2021 година.
Компанијата ќе се концентрира главно на европските пазари. Автомобилите треба да бидат достапни подоцна и во САД.