Компанијата LG ќе го прошири своето семејство на K series со тоа што на CES (Consumer Electronics Showu) ќе претстави четири нови уреди.
Смартфоните и не се нешто многу возбудливи, иако некои доаѓаат со инсталиран оперативен систем Android Nougat што многумина знаат да го ценат. Мобилните телефони од K series семејството имаат екрани со големи од 4,5 до 5,3 инча.
Најмалиот смартфон има предна камера од 2 и задна од 5 мегапиксеели, батерија од 2.100 mAh и користи Android Marsmallow.
Најголемиот смартфон ја има ознаката К10, а добива и предна камера од 5 мегапиксели, и 13 мегапиксели позади. Го напојува батерија од 2.800 мAh и доаѓа со инсталиран Android Nougat. Поседува и Media tek процесор.
На CES ќе дебитира и LG Stylus 3 со 5,7 инчен екран, задна камера од 13 мегапиксели и предна од 8 мегапиксели.
Цените на овие мобилни телефони се уште не се познати.