LG инвестира 4,5 милијарди долари во производство на батерии во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејскиот конгломерат LG, поточно ќерка-фирмата LG Energy Solution, потврди дека во наредните четири години ќе вложи повеќе од 4,5 милијарди американски долари во производството на батерии за автомобилската индустрија во САД.

“Сакаме да ги прошириме нашите производни капацитети за да можеме да ги задоволиме потребите на автомобилската индустрија во САД и Европа” изјави Денис Греј, директорката на LG Energy Solution.
Таа потенцираше дека во наредниот период ќе бидат отворени најмалку два производствени погони во САД.

LG во моментов ја завршува фабриакта во Охајо која ја гради заедно со General Motors и претставува нивно заедничко вложување. Покрај оваа фабрика, LG поседува веќе две фабрики во САД.

Претходно годинава LG потпиша договор со владата на Индонезија кој предвидува вложување на 10 милијарди долари во производство на батерии. Со ова, јужнокорејскиот гигант ги потврдува своите амбиции за прераснување во лидер во производството на батерии за автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK