Европската дивизија на Lexus објави дека во септември продажбата на брендот во Европа ја надмина границата од 1.000.000 единици од неговото деби на пазарот на стариот континент во 1990 година.
Најпродаван автомобил на Lexus во Европа е RX со продадени 289.284 примероци од 2000 година, а во Топ-3 влегуваат и моделите IS со 202.210 примероци и NX со 155,366.
Моделите CT со 97.637 единици, GC со 74.998 и LX so 58.234 возила исто така уживаат голем интерес кај потрошувачите уште од 90-тите години на минатиот век.
Европската дивизија на Lexus исто така известува за 38 купени претставници на луксузниот спортски модел LFA и 1816 модели на LC.