Lexus LS се враќа на местото на раѓањето

ОБЈАВЕНО НА:

По 28 години откако првпат токму во Детроит беше прикажана првата генерација на Lexus LS, сега доаѓа петтата генерација на луксузната лимузина. Премиерата не е изненадување бидејќи американскиот пазар е еден од важните за Lexus.

Изгледот на новиот LS е делумно инспириран од LF-FC концептот од 2015 година, со тоа што на серискиот модел има алуминиумски тркала од 19 инча.
Автомобилот ја користи глобалната GA-L модуларна платформа, а сегашниот модел е понизок од претходнико, со поширока трага на тркалата и пониско тежиште. Тоа е каросерија со погон на задните тркала, што е продолжена верзија на она што беше користено и за новиот LC500 coupe. Слично како и оригиналниот модел од пред 28 години, LS предвидува што луксузните купувачи сакаат, и едноставно го засилува она што другите луксузни брендови веќе го нудат.

Новиот модел Lexus ќе го нуди во најмалку 90 земји, па затоа и изгледот е „универзален“ за да задоволи многу различни вкусови. Тој треба да биде глобален луксузен салон.

Мерките на новиот Lexus LS се 5.235 мм.должина, 1.900 мм. ширина и 1.450 мм. висина. Меѓуоскиното растојание е 3.125 мм. што е многу блиску до она што го добивате во продолжените верзии на BMW 7 или S-Class, отколку регуларните модели. За подобрување на перформансите е направено и „слабеење“, па сега Lexus LS тежи 90 кг. помалку, пред се поради ултра лесните материјали што се користени.

Под хаубата на Lexus LS се наоѓа нов 3,5 литарски V6 битурбо агрегат со 415 КС, и 600 Нм вртежен момент, и тоа во комбинација со 10 степен автоматски менувач. Според компанијата, со овој мотор автомобилот забрзува до 100 км/ч. за 4,5 секунди.

Во внатрешноста, LS нуди нови седишта кои имаа ладење, греење и масажа. Lexus доста се занимавал со намалување на бучавата, а за патниците е и инфотамнет системот со 12,3 инчен екран, колор хед ап дисплеј, и Марк Левинсон 3Д сараунд аудио систем.

Продажбата на новиот модел ќе почне кон крајот на годинава, па дополнително ќе бидат познати цените.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK