Lexus ќе се произведува во Канада

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку модели од луксузниот бренд Lexus ќе се произведуваат во Канада, потврдува Toyota Motors. Како што се наведува во соопштението, моделите NX и хибридната изведба на овој модел ќе се произведуваат во фабриката во Кембриџ, во близина на Онтарио.

Производството во оваа земја ќе стартува од 2022 година со што истовремено во Јапонија ќе се прекине со производството на овој модел наменет за американскиот пазар. Претходно, на заедничка прес-конференција, премиерот на Канада, Џастин Трудо и првиот човек на Toyota Canada, Фред Волф, изјавија дека со овој потег ќе се зачуваат 8 илјади работни места.

Ова е добра вест за автомобилската индустрија која на крајот на минатата година беше погодена со бројни најави за затворање на фабрики од страна на FCA, Ford и GM.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK