Lexus ја „убива“ лимузината GS, купувачите се сè помалку заинтересирани

ОБЈАВЕНО НА:

Од Lexus се одлучија на чекор кон завршување на производството на моделот кој беше дел од понудата на овој бренд во минатите 27 години.

Како што наведуваат од страна на производителот од Јапонија, главната причина е намаленото интересирање на купувачите за овој тип на лимузина, што доведе до тоа GS во минатите неколку години сè послабо да се продава.

Така во 2019 година во САД беа продадени само 3.378 примероци на оваа луксузна лимузина. Поради споредба, во 2015 година на купувачите во САД им беа испорачани 23.117 Lexus GS, за веќе во 2016 година продажбата да падне на 14.878 единици, додека следната година овој број се спушти под 10.000 автомобили.

Во одбрана на Lexus GS треба да се каже дека овој модел се натпреваруваше во сегментот премиум лимузина во кој владее исклучително силна конкуренција. Меѓу најголемите ривали биле: Mercedes E klase, BMW Serie 5 i Audi A6.

Lexus GS во моментов во САД се продава по цена од 51.065 долари, а крајот на производството на овој автомобил е планиран за ова лето.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK