Со летечко возило на Toyota ќе се пали олимпискиот оган во Токио 2020

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Toyota се фокусира на футуристичкиот план за возење по небото, а јапонскиот производител планира за време на Олимписките Игри во Токио 2020 година да го претстсви својот летечки автормобил.
Toyota ќе издвои околу 375.000 долари за проктот Картиватор за развој на научно-фантастичен автомобил со три тркала што ќе се заснова на технологијата на дрон.

Група на млади инжењери од индсутријата на автомобили и воздухопловната индустрија работи на овој проект што го финансираат бројни инвеститори, вклучувајќи ја и Toyota.

Тимот се надева дека до крајот на идната година ќе биде лансиран протитип со кој ќе управува човек и дека тој ќе биде употребен за палење на олимпсикиот оган кога Токио ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2020 година.

Возилото со кое треба да управува човек ќе биде наречено „Небеско возење“, ќе има четири комплети на пропелери, и со должина од 2,9 метри и ширина од 1,3 метри ќе биде најмалиот летечки автомобил на светот.
Се очекува автомобилот да има максималн абрзина од околу 100 км/ч. додека лебди на висина од околу 10 метри над земјата. На земја ќе може да развива брзина од околу 150 км/ч.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK