Летечки автомобил? Може, ама само ако има падобран внатре!

ОБЈАВЕНО НА:

Словачката компанија AeroMobil ја покажа својата верзија на летечки автомобил. Кај овој модел крилата ќе се склопуваат како кај инсектите, а ќе го покренува хибриден мотор и пропелер што се наоѓа на задната страна. Цената на возилото би била меѓу 1,3 и 1,6 милиони долари, но покрај возачка дозвола потребно е и пилотска дозвола.

Потребно е три минути автомобилот да се претвори во авион и има досега од 750 км. За полетување ќе ви треба и писта за авиони за полетување.


И додека некои иноватори се обидуваат да направат летачки автомобил, во едно истражување од страна на Универзитетот во Мичиген се вели дека две третини од Американците го одобруваат концептот на летечки автомобил, но очекувано е што сите искажуваат и загриженост за безбедноста.

Весникот Detroit News објави дека 63 отсто од испитаниците велат дека се многу загрижени околу безбедноста на летечките автомобили. Околу 83 отсто од испитаниците преферираат вертикално полетување и слетување, отколку традиционално со залетување. Дури 80 отсто сакаат да има и падобран.

На почетокот на март годинава Italdesign и Airbus на саемот во Женева понудија можно футуристичко решение за надминување на сообраќајниот метеж. Концептот Pop.Up е автономно возило кое по потреба се трансформира во дрон за транспорт во воздух.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK