понеделник, 25 август, 2025 година

Летате за Турција и го прекршите ова правило казната е 60 евра!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Патниците кои патуваат за Турција и кои ги откопчуваат сигурносните појаси или стануваат пред авионот целосно да се запре по слетувањето, може да бидат казнети со околу 60 евра според новата уредба на турската Генерална дирекција за цивилно воздухопловство (SHGM).

Иако ова правило важи и досега во сите авиокомпании, практиката покажала дека често не се почитува. SHGM констатирала дека голем број патници ги откопчуваат појасите, стануваат и ги отвораат горните прегради пред авионот целосно да застане, што го загрозува и безбедното слетување и удобноста на останатите патници.

- Advertisement -

Новата регулатива налага одговорност и на авиокомпаниите – тие мора да ги информираат патниците дека врзувањето со појас е задолжително сè додека е вклучено светлото за појас и сè додека леталото не стигне до паркинг-позицијата. Патниците кои нема да се придржуваат до ова правило ќе бидат пријавени и казнети.

Дополнително, патниците кои не го чекаат својот ред за излегување, односно нагло стануваат и се движат по кабината дури и кога знакот за појас е исклучен, исто така може да се соочат со казни. Исто така е забрането станување пред патниците од предните редови да го напуштат авионот.

Авиокомпаниите кои нема да ги почитуваат овие прописи може да бидат повикани и на административна одговорност, пренесува Hürriyet.

Турската национална авиокомпанија Turkish Airlines веќе го информираше својот кабински персонал за новата одлука, која важи за сите домашни и меѓународни летови.

Иако висината на казната не е експлицитно наведена во регулативата, предвидено е дека прекршителите ќе бидат казнети со приближно 2.100 турски лири, што е околу 60 евра.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја