Лесно е кога си шеик: Си купи автомобил кој уште не беше промовиран

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилските салони обично ги добиваат најновите модели неколку месеци после светската премиера, но очигледно ова правило не важи кога некој има толку пари што може да си купи возило дури тоа и да не е презентирано пред јавноста.

Ваков пример има со Rolls-Royce Cullinan и еден шеик кој сакаше да го има овој примерок најбрзо што може. Само неколку дена откако се појавија информациите за најсовременото и најскапо СУВ возило на денешницата, а неименуван шеик од Саудиска Арабија веќе успеа да го добие и да го има во својата гаража.

Возилото е испорачано, а светската премиера на возилото се случи подоцна. Имаше само еден услов од страна на Британците, а тоа беше да нема објавување на никакви фотографии и информации до 10 мај. И тоа беше почитувано од таинствениот шеик.

Основната цена на моделот е 300.000 долари, а информациите кои се објавуваат од медиумите на островот велат дека шеикот има платено повеќе од двојно за да го добие автомобилот порано од предвиденото. Се зборува за сума од 640.000 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK