Многу е лесно кога имаш Suzuki Jimny, особено кога треба да свртиш полукружно на автопат, а не ти се вози до следната клучка.
Накратко, тоа е она што го направи сопственикот на овој мал SUV. Тој на автопат некаде во Кина го искористи пешачкиот надвозник за да го смени правецот на движење.
Секако тоа не остана незабележано од случајните минувачи, а ниту пак од полицијата која му изрече парична казна од 28 американски долари и дополнителни казнени поени.
Па ако сакате да си купите Suzuki сега знаете дека може да го користите и за друга намена – возење по скали.