Произведувачот на автомобили од Кореја, Hyundai во последните неколку години засилено ја зголемува својата понудва на автомобили, а најновите потези што луѓето од компанијата ги прават не изненадуваат. Тие одлучија да го заштитат името Leonis, кое ќе се користи за некои од идните модели.
Деталите околу ова засега се чуваат во тајност, но факт е дека името Leonis сега е и правно заштитено и ќе може да се користи за какво било моторно возило за на автопат.
Името Leonis не го измисли Hyundai. На астрономите тоа име им е добро познато бидејќи е користено за неколку ѕвезди од соѕвездието Лав. Името е од грчиот Leon односно латински Leon, а симбол е на храброста и силата.
Интересен е фактот дека дури 13 папи досега го носеле името Leo. Leonis е и измислена планета во ТВ серијата Battlestar Galactica, a на вљубениците во митологијата добро им е познат и по воинот од Спарта, Leonidas.